Пролиена крв на улиците во Минск веќе втор ден по ред: Протести против Лукашенко, уапсени 19 лица

Белоруската полиција уапси најмалку 19 лица денес за време на протестот на демонстрантите, кои се собраа во Минск втор ден по ред, пренесува Ројтерс. 

Во неделата навечер, откако беа објавени првите резултати од претседателските избори во Белорусија, имаше протести за време на кои демонстрантите се судрија со полицијата, а беа уапсени 3.000 учесници. Според извештаите на медиумите, едно лице е убиено кога било удрено од полициско возило.

Претседателот Александар Лукашенко победи на шестиот мандат на неодамна завршените избори, освојувајќи ги со 80,08 проценти од гласовите.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.