четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пролонгирано заминувањето на Сеад Кочан во затвор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заминувањето во затвор на бизнисменот Кочан се пролонгира додека нема одлука од судија за извршување санкции по неговото барање за одложување на издржувањето на казната од четири години и осум месеци за предметот “Труст“ на СЈО.
Бизнисменот Кочан според упатниот акт денеска требаше да се јави на издржување на затворската казна, но во меѓувреме тој поднесе друго барање за одложување на издржување на казната поради болест за што Кривичниот суд се уште нема донесено одлука.
Сеад Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација

 

Поврзани вести