Пролонгиран рокот за попис на пчеларници

Агенцијата за храна и ветеринарство го пролонгира рокот за извршување на пописот на пчеларниците до 1 мај, 2013, а рокот за доставување на податоците од пописот до ветеринарното друштво до 15 мај 2013 година.

Рокот е продолжен на барање на Федерацијата на фармерите, која наведе дека постои неусогласено делување на ветеринарните друштва во однос на давањето на услугите и висината на надоместоци кои ги наплаќаат за дадените услуги. Информациите  што ги имаме од теренот укажуваат дека пчеларите не се целосно информирани за сите одлуки и други правни документи со кои се регулираат услугите и висината на надоместоците. Исто така беше објаснето дека процесот на внесување на податоците во електронската база некаде не е ниту започнат да се одвива поради нејасностите на теренот, се вели во соопштението на ФФРМ.По одржаната средба со ФФРМ , Агенцијата за храна и ветеринарство преку известување информира дека ќе започне со потпишување на договорите со овластените ветеринарни друштва на 22 април, 2013 година, така што пчеларите ќе можат да изберат ветеринарно друштво со кое ќе склучат договор. Согласно Законот за ветеринарно здравство ветеринарното друштво со кое пчеларот склучил договор ќе ги внесе податоците во електронската база и ќе изврши преглед на пчелните заедници за присуство на Американска чума на пчелно легло.
Макфакс
Агенцијата за храна и ветеринарство го пролонгира рокот за извршување на пописот на пчеларници

Пронајдете не на следниве мрежи: