Речиси сите сме навикнати на брз живот и постојано движење. Поради тоа многу луѓе навистина ги ценат ефективните вежби за кои не е потребно многу време. Овде спаѓа и оваа едноставна вежба која ќе го намали заморот и ќе го подобри вашето расположение, а за неа ви се потребни само 20 минути.
Правилно подигнете ги нозете
Одберете удобна позиција до ѕид и ставете перница под долниот дел од грбот.
Кренете ги нозете и истегнете ги покрај ѕидот. Рацете треба да ви бидат спуштен покрај телото.
Останете во оваа положба 10-15 минути.
Важно е вашата облека да не ја спречува циркулацијата на крвта. Одберете ја најудобната и најшироката облека. Ова не е обична вежба и повеќе наликува на јога или техника за релаксирање. Сепак, има многу предности. Единственото ограничување на вежбата е тоа што не можат да ја изведуваат луѓе со хронична повреда на грбот или нозете. Покрај тоа почетниците може да направат неколку грешки – да бидат премногу блиску или далеку од ѕидот или да стават премека перница. Овие грешки може да предизвикаат напнатост во мускулите. Ако редовно ја правите вежбата, ќе забележите многу позитивни промени.
1. Ќе исчезне чувството на тежина во нозете
Чувството на тежина и отекувањето на нозете е поврзано со слабата циркулација на крв. Покрај тоа може да биде предизвикано од проблеми со срцето или бубрезите, вишокот килограми и нездравата исхрана. Се разбира, потребно е да ја одредите причината за да се ослободите од овој проблем. Но вежбата може да биде одличен дополнителен третман бидејќи кревањето на нозете ја подобрува циркулацијата.
2. Носење чевли со високи потпетици без проблем
Без сомнение чевлите со високи потпетици прават да изгледате неверојатно. Но ако пречесто ги носите можете да му наштетите на вашето здравје. Жените често чувствуваат замор кога носат чевли со високи потпетици поради неправилното распоредување на тежината. По долг ден во овие чевли, ќе биде одлично ако ги кренете нозете некое време. Ако постојано сте во движење, на крајот на денот вашите нозе се навистина уморни. Потребно е да ги одморите со променување на позицијата на телото. Покрај вежбата, можете да направите масажа на нозете и да се истуширате со топла вода.
3. Подобрена дигестија
Оваа положба на телото ја подобрува работата на стомакот. Ќе се зголеми дотокот на крв кон внатрешните органи. Мускулите на стомакот ќе станат поцврсти и храната полесно ќе се вари. Истовремено со оваа вежба побрзо ќе се апсорбираат хранливите материи од храната.
4. Ќе се намали стресот на нервниот систем
Во оваа позиција ќе бидете порелаксирани и ќе вдишувате повеќе воздух. Ткивата ќе добијат повеќе кислород, а циркулацијата ќе се подобри. Ова е одлично за нервниот систем и за намалување на напнатоста во мускулите, вратот, главата и стомакот.
5. Ќе се подобри квалитетот на сонот
Една од причините за несоница е непријатното чувство во нозете. Редовното кревање на нозете ќе ви помогне да се ослободите од него. Покрај тоа мозокот ќе добие повеќе кислород поради правилното дишење. Вашето спиење ќе се подобри и сонот ќе биде подлабок. Оваа положба е слична на медитација, односно нема да ви се одвлекува вниманието од малите проблеми.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.