Променливо и постудено време до петок

Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе започнат во северните делови. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, температура од 8 до 16 степени.
Во вторник попладне облачноста ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повторно затоплување се очекува од петок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.