Променливо облачно и ветровито со локален дожд

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 13 до 19 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Температурата ќе се движи помеѓу 10 до 19 степени.
Во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна поладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 15 до 19 степени.
Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 23 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.