Променливо облачно со врнежи од дожд и со грмежи

Денеска ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 17 степени.
Под влијание на циклонска активност утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали.
Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.