Променливо облачно со дожд и грмежи

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, додека попладне повторно ќе биде нестабилно облачно со локален дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа повторно ќе има услови за локална појава на невреме со засилен ветер и со појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 22 до 31 степен.
Во Скопје ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и со грмежи, а не е исклучена и појава на ситен град. Температурата ќе достигне до 26 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.