Променливо облачно со можност за дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали.
Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.