Променливо со сончеви периоди и потопло време

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Во северозападните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 9 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер. Во сабота и недела, претежно во попладневните и вечерните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.