На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска беа промовирани 17 доктори на науки, настанот е дел од активностите за одбележување на 16-годишнината од постоењето на оваа високообразовна установа. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Дејан Мираковски истакна дека очекува бројот на доктори на науки постојано да расте бидејќи и бизнис секторот и стопанството бараат многу повеќе знаење за разлика од претходно.
-Денеска имавме доделување или свечена промоција на доктори на науки, на вкупно 17 кандидати. Имаме студенти од речиси сите кампуси и се надевам дека оваа пракса на зголемување на доктори на науки, бројот на високо стручен кадар ќе овозможи унапредување, вели Мираковски.
Опфатените теми според новите доктори на науки од разни области ќе бидат доста применувани во пракса, а со тоа ќе се помогне на бизнис секторот, институциите и компаниите. Мираковски потенцираше дека знаењето се користи се повеќе во денешното општество и доколку расте бројот на доктори на науки државата се приближува кон развиените земји во кои знаењето се почитува и е на високо ниво.
Пронајдете не на следниве мрежи: