Промоцијата на „Простување“ од Кица Колбе во книжарница „Буква“

В кафе-книжарницата Буква, вечерва во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Простување“ од Кица Колбе. Главниот фокус на романот е приказната за помирувањето и простувањето во историскиот балкански контекст. Авторката, преку приказните на главните ликови, научници од две балкански земји, има за цел да покаже дека помирувањето и простувањето е возможно и на Балканот – ако не меѓу нациите, тогаш барем меѓу потомците на жртвите и прогонителите. Приказната илустрира дека и потомците на „прогонетите“ и на „прогонителите“ остануваат жртви на минатото, додека не одлучат да простат и да се помират.
Кица Колбе, родена во 1951 година, студирала филозофија во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на теми од германската естетика во 18 век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1990 година се посветува на прозата, посебно на романот. Нејзините дела вклучуваат: Егејци (Култура, Скопје, 1990), Снегот во Казабланка (Три, Скопје, 2005; Магор, Скопје, 2007), Жените Гаврилови (Табернакул, Скопје, 2008; Или-Или, 2021), Река во наследство, Ein Fluss als Erbe (Скопје и Лангенфелд, 2009), Витезот и Византијката (Или-Или, 2020) и Земја на бегалци (Или-Или, Скопје, 2018, 2023).
На книжевно промотивната вечер, авторката ќе разговара со Калина Малеска и Игор Анѓелков, а водител на настанот ќе биде Ненад Стевовиќ. Романот е дел од едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или, поддржан од Министерството за култура.
The post Промоцијата на „Простување“ од Кица Колбе во книжарница „Буква“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: