Во понеделник, 5 мај, од 19 часот, во кафе-барот „Кашмир“ ќе се одржи промоција на новата книга од Максим Ристески, збирката со раскази насловена „Нешто трето“. Поддршка на настанот ќе дадат Ана Мартиноска и Ивица Димитријевиќ, а модератор ќе биде Игор Анѓелков. Расказите на Ристески претставуваат сложени светови со длабински пораки што се однесуваат на промените во духовната реалност, и овие теми со сигурност ќе го привлечат вниманието на македонските читатели. Напишани со прецизен, богат и живописен јазик, расказите се одликуваат со внимателно осмислени и динамични реченици и прецизен избор на зборови. Збирката од Ристески е доказ за неговата стилска оригиналност и талент, кои допрва ќе бидат вистински ценети од критиците и публиката, изјави Мартиноска во својот осврт на оваа нова книга од Ристески.
The post Промоција на збирката раскази „Нешто трето“ од Максим Ристески appeared first on 365.mk.