Промоција на книгата „Гевгелија порта кон Европа“ од Кире Јанишлиев во рамките на „Гевгелија град на културата 2025“

На 8 април 2025 година, во вторник, хотелот „Аполонија“ во Гевгелија ќе биде домаќин на промоцијата на новата книга „Гевгелија порта кон Европа“ од Кире Јанишлиев. Настанот ќе започне во 20:00 часот. Книгата претставува збирка од новинарски написи кои ја обработуваат темата на неговиот роден крај, Гевгелија, објавени во весникот „Нова Македонија“. Сара Јанишлиева ќе биде модератор на вечерта, додека настанот ќе го збогатат и обраќањата на Тони Аврамов и Бобан Хусеновски. Петар Јанчев ќе интерпретира текстови, а ученици од ООМУ „Васо Карајанов“ ќе изведат музички композиции на пијано.
Кире Јанишлиев, роден во 1951 година во Гевгелија, каде што го завршил своето основно и средно училиште. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на одделот за новинарство во 1975 година. Својата кариера ја започнува како новинар во Радио „Гевгелија“ и весникот „Нова Македонија“, а подоцна работи и како административен службеник во Општина Гевгелија. Меѓу неговите многубројни признанија се и наградата „Крсте Мисирков“ за успешни новинарски достигнувања и наградата „Нова Македонија“ за годишна новинарска работа. Основа и уредува првиот независен весник во Гевгелија, „Гевгелиска јавност“, а работи и како уредник во неколку други изданија. Автор е на повеќе монографии, вклучувајќи ја и „Гевгелија 130 години град“.
Книгата „Гевгелија порта кон Европа“ е дел од културната програма на Гевгелија, што се одвива со поддршка од Општината како дел од Програмата за култура за 2025 година, и е дел од прославата „Гевгелија град на културата“.
The post Промоција на книгата „Гевгелија порта кон Европа“ од Кире Јанишлиев во рамките на „Гевгелија град на културата 2025“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: