Промоција на книгата „Честички на душата“ од младата гостиварка Бериника Арслани


Младата гостиварка Бериника Арслани вечерва го промовираше своето второ книжевно дело со наслов „Честички на душата-19 години живот“. Во книгата се поместени дваесетина раскази со размисли за животот, меѓучовечките реалции, секојдневието, интроспективни погледи и други теми коишто главно ја окупираат младата генерација.

„Авторката покажува дека го познава младинскиот и општетсвениот свет за кој зборуваат нејзините раскази, покажува дека е тесно поврзана со местото кадешто живее и твори. Преку својата приказна се обидува да навлезе во читателот искажувајќи го и запознавајќи го со проблемот, предизвиците, раните кои животот им ги сервира на човекот и на младите, истовремено откривајќи ја загатката на решавачот на проблемите. Бериника зборува за животот, за мотивацијата, за оптимизмот, за надежта, за самодовербата. Убеден сум дека оние што ќе ја прочитаат нејзината збирка раскази ќе бидат трогнати“, истакна рецензентот на книгата Шпенд Бајрами.
Арслани во своето обраќање упати благодарност до сите кои ја поддржале и помогнале во издавањето на книгата.

„Најдлабока благодарност до моето семејство, моите најблиски кои посветено ме охрабрија и поддржаа да го исполнам сонот за втора книга. Мојата сестра близначка Бера, мајка ми и татко ми, кои ми се најголема мотивација. Благодарност до сите што ми помогнаа и ме бодреа, без нив мојата книга немаше да постои“, рече авторката.
Уредничката на книгата, Вјолца Бафтиу Зулбеари пред присутните прочита извадоци од расказите, а зборуваше и за талентот и креативноста на младата гостиварка, која освен со пишување се занимава и со ликовна уметност.
На промоцијата свои обраќања имаа и министерот за образование Јетон Шаќири и раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.

Бериника Арслани е родена 2004-та година, и е студент во прва година на медицинскиот факултет во Тетово. Лани во август ја промовираше првата книга, стихозбирката „Среде еден убав сон како бајка“. Добитник е на повеќе литературни и награди за уметност.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи: