Пронајдена бурма на плажа во Охрид, по ФБ објава најден и сопственикот кој ја изгубил пред 5 години

енес на плажата Акапулко во Охрид во вода најден е венчален прстен. На него е изгравирано “Mоника+Дејан 28.07 1998”. Убаво би било aко можеме да го најдеме сопственикот, стои во вчерашната објава на социјалните мрежи.


По ова следуваше лавина од споделувања на обајавата по разни групи се додека сопственикот не ја виде истата и се јави.
Како што вели тој неговата бурма била изгубена на местото каде е пронајдена пред пет години. Минатиот месец прославиле 20 години брак и се горди родители на две деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.