недела, 15 ноември 2026
Најново

Пронајдена дрога во Битола, кривична пријава за едно лице!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола. На 21.02.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од страна на судија на предходна постапка на Л.Б. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани вести