Пронајдена дрога на повеќе локации низ Македонија

На 06.01.2025 во 02.00 часот на ул.„Кичевска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(42) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 23.30 часот во  Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле И.Д.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(23) од с.Мралино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 16.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.В.(32) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.01.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци  од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Пронајдете не на следниве мрежи: