Во близина на домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во округот Весчестер во државата Њујорк вчера била пронајдена експлозивна направа, објави “Њујорк тајмс“. Направата била поставена во поштенска кутија и полицијата превентивно ја детонирала. Во време на инцидентот Сорос не бил во домот. За случајот истрага води ФБИ од каде засега немаат коментар.
Сорос обезбедил досега најмалку 18 милијарди долари за фондацијата Отворено општество за развој на демократијата и човековите права во светот.