Пронајдена експлозивна направа во близина на домот на Џорџ Сорос во САД

Во близина на домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во округот Весчестер во државата Њујорк вчера била пронајдена експлозивна направа, објави “Њујорк тајмс“. Направата била поставена во поштенска кутија и полицијата превентивно ја детонирала. Во време на инцидентот Сорос не бил во домот. За случајот истрага води ФБИ од каде засега немаат коментар.
Сорос обезбедил досега најмалку 18 милијарди долари за фондацијата Отворено општество за развој на демократијата и човековите права во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.