Пронајдена е 19 годишната девојка од Македонија која исчезна пред 11 дена – еве каде била!

Пронајдена е деветнаесет-годишната А.М. од Неготино, која пред единаесет дена беше пријавена за исчезната, дознава ,,Фокус” од свои извори.

Девојката била пронајдена во кавадаречко село и е во добра состојба.

За случајот со исчезнувањето информираше СВР Велес, откако на 31-ви јануари мајката на девојката во полициската станица во Неготино пријавила дека таа се оддалечила од домот, а со себе не носела мобилен телефон.

Службениците веднаш по пријавата започнале со потрагата и презеле мерки за пронаоѓање.

Во врска со пронаоѓањето, од СВР Велес најавија детали во тек на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи: