Речеси два метри долга змија, боа констриктор, чие исчезнување предизвика паника во градот Бингамтон, во американската сојузна држава Њујорк е пронајдена во кујната на својот сопственик, под мијалникот.
Сопственикот на егзотичниот домашен миленик во почетокот на неделата ги предупредил жителите дека неговата змија по името Бела избегала од аквариумот и оти последен пат е видена во близина на средното училиште.
Локалните власти издадоа соопштение, граѓаните да бидат внимателни и доколку ја најдат змијата што подалеку да ги тргнат малите деца и помалите животни.
Меѓутоа, сопственикот денеска ги известил локалните медиуми дека Бела е пронајдена, дека е неповредена и оти најверојатно не го напуштила неговиот стан.
Црвеноперката, чие природно живеалиште се тропските краеви на Америка, се храни со помали цицачи кои, бидејќи не е отровна, ги убива со стисок. Во забореништво најчесто не се агресивни.