Пронајдена мајката која го остави новороденчето во Топанско Поле

Како што пишува “Слободен Печат“ полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето кое нема друг родител.
– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје, пренесе порталот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.