Во Скопје денеска биле пронајдени и вратени на родителите две загубени деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и не зборувало, според информациите на МВР, било пронајдено во 11:50 часот на улица „Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народната банка.
– Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите, пишува во соопштението од МВР.
Од полицијата велат дека денеска и во близина на Бит-пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче. кое било однесено во градинката „Фидани“ од каде била земена од нејзината мајка.