Полициските органи од СВР Скопје, дејствувајќи на подрачјето на Бит Пазар, го уапсија Б.Д. (53) од Скопје. Согласно однапред подготвен план, при контрола на импровизирана тезга на Бит Пазар, беа откриени и запленети околу 10.000 парчиња најразлични пиротехнички средства, кои биле наменети за продажба. По консултација со надлежен јавен обвинител, осомниченото лице е задржано за натамошно постапување, а по завршување на комплетната документација, ќе биде покрената соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
The post Пронајдени парчиња пиротехника на Бит Пазар, приведено едно лице appeared first on 365.mk.