среда, 18 ноември 2026
Најново

Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Литванските власти ги открија црните кутии на товарниот авион на германската логистичка компанија ДХЛ, кој се урна вчера во близина на Вилнус, јави ДПА.„Покрај дневникот со податоците од летот, откриен е и гласовниот запис“, соопшти денеска литванското Министерство за правда.Двата уреди беа извадени од урнатините околу пладне и сега се испитуваат. Црните кутии може да дадат информации за се уште непознатите причини за несреќата.Авионот, кој летал на линија од Лајпциг до Вилнус, се урнал во близина на главниот град на Литванија, на неколку метри од станбена зграда. Едно лице загина.

Поврзани вести