Пронајдени 12 тела во спалните во познат ски – центар: Сите починати на ист кат а еве што имало под нив: ,,Ова е страшна смрт”

Грузиската полиција соопшти дека 12 лица починале од труење со јаглерод моноксид во локалниот ски-центар.„Дејли мејл“ пишува дека во градот Гудаури на северот на таа кавкаска земја се пронајдени тела на 11 странци и еден грузиски државјанин, а се претпоставува дека се работи за несреќен случај.Се вели дека телата се пронајдени во спалните соби на вториот кат од хотелот над индискиот ресторан.Портпаролот на полицијата рече дека „прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство“.– Се претпоставува дека се работи за лица кои биле вработени во ресторанот – соопштија од Министерството за внатрешни работи на Грузија.Министерството покрена истрага за „трагичната смрт“ на тие луѓе.Во рамки на првичната истрага било откриено дека агрегатот бил вклучен, бидејќи снемало струја претходниот ден, а се наоѓал во близина на спалните соби.Инспекторите се обидуваат да утврдат дали тоа е причината за акумулацијата на јаглерод моноксид што ги отру жртвите.– Наредени се соодветни тестови и судско-медицински анализи за да се утврди точната причина за смртта – соопшти грузиското министерство, кое не го откри идентитетот на жртвите.

Пронајдете не на следниве мрежи: