Пронајдено големо количество оружје кај тетовец

Вчера во времето од 15.30 до 17.00 часот, по писмена наредба од судија на претходна постапка од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово бил извршен претрес во дом и помошни простории на М.З.(43) при што биле пронајдени: 127 куршуми (патрони) кал.9 мм марка „Ожкурсан“, 142 куршуми марка „Каисер“, 1 празна рамка, 1 расклопен пиштол со бр. 7120472-делови од оружје.

Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени од М.Ф.(21).

Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следат соодветни поднесоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.