Пронајдено е безживотно тело во населбата Маџари

Мртов маж со прострелна рана на главата утрово бил најден во населба Маџари на стадионот „Борис Трајковски“  веднаш под трибината. Случајот во МВР бил пријавен околу 10 часот.
подоцна лицето е идентификувано и станува збор за маж на возраст од 34 години, а смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош. На лице место пронајден е пиштол, а првичните индиции според нашите информации од МВР, покажале дека најверојатно се работи за самоубиство.

Пронајдете не на следниве мрежи: