Во близина на село Смилковци, скопско, пронајдено е безживотно тело на маж – соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 21.11.2026 во 06.15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско – информира МВР.
Како што наведуваат оттаму, во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.
-Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција – додава МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.






