Пронајден бродолом стар 3.000 години: Откритието ќе ја промени историјата, а ги крие овие интересни предмети

Извршена е операција за извлекување на дел од предметите, кои наскоро ќе бидат претставени во јавноста.Брод стар повеќе од 3.000 години со недопрен товар е пронајден во близина на северниот брег на Израел, а предметите од мистериозниот брод наскоро ќе и бидат откриени на јавноста.Остатоците од бродот и делови од неговиот товар, на длабочина од околу два километри, на дното на Средоземното Море, ги откри компанијата „Energеan“, која оперира во близина на Израел.Истражувањето на компанијата откри брод со стотици амфори, бокали со двојни рачки кои се користеле за складирање на стока како вино или маслиново масло за време на бронзеното доба.„Изгледа дека бродот потонал поради бура или пиратски напад – што било вообичаена работа во доцното бронзено време“, изјавил Џејкоб Шарвит, шеф на поморската единица на израелската управа за антиквитети.Потонатиот брод бил пронајден минатата година на 90 километри од брегот на северен Израел, а официјалните лица проценија дека датира од 14 или 13 век п.н.е.Бродот датира од времето кога поморската трговија почнала да цвета за време на бронзеното време.Тимот на “Energean” кој го истражувал морето пронашол бројни бокали натрупани на морското дно, изјави Карнит Бахартан, директор на Организацијата за животна средина.„Кога им ги испративме (на властите за антиквитети) сликите, се покажа дека е сензационално откритие, многу повеќе од тоа што можевме да го замислиме“, изјавил Бахартан.Major Ancient shipwreck discovery just announced yesterday.The oldest, deepest and furthest away from continental land shipwreck was found last year on accident.The discovery was made when a submersible robot operated by Energean (a natural gas exploration and production… pic.twitter.com/lHmoZy2AD4— Ancient Hypotheses (@AncientEpoch) June 21, 2024Шарвит додал дека локацијата на откритието открива дека древните морнари можеле да се движат без да видат крајбрежје, веројатно користејќи ја позицијата на ѕвездите и Сонцето.„Ова е откритие од светска класа што ја менува историјата“, нагласил Бахартан.„Energean“ изврши операција за извлекување на дел од предметите, кои наскоро ќе биде претставена во јавноста.Deep-Sea Shipwreck Hidden For Millennia Is The Oldest Ever Found https://t.co/6Cdkfu2Svi— ScienceAlert (@ScienceAlert) June 21, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: