Пронајден е мртов маж во Ѓорче Петров и пријавена е престрелка во Кондово

Мртов маж на улица вечерва е пријавен во скопската населба Ѓорче. Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи случајот бил пријавен вечерва околу 21:40 часот. Телото е најдено на улицата Шарпланинска, како лежи без знаци на живот и до него возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост на Д.Н. (65). Според очевидци, се слушнале истрели од оружје, по што било откриено телото на убиениот
А пријавена е и престрелка во Кондово. Засега нема потврда дали двата инцидента се поврзани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.