Планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа исчезна на ридот ГРООТ, денеска е пронајден починат, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
– За жал лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта. Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР – рече Ангелов.