Пронајден убиен и исчезнатиот Панче, истите лица се осомничени и за убиството на Вања

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР.

Ахмети: Албанскиот народ ќе го чува албанскиот јазик
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва од Врапчиште каде присуствуваше на средба со граѓани, рече дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и од партиите во …
Само 2 дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета ги напишала овие зборови: „Дојде да ме види…“ Многумина мислат дека тој бил последниот што ја посетил (фото)
Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година на 97-годишна возраст.Веста за смртта на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година го изненади светот . Кралицата почина на 97-годишна возраст и зад себе остави нешто што …

Од МВР, посочуваат дека во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

– Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од МВР.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

-Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации, информираа во заедничко соопштение Јавното обвинителство и МВР.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.