петок, 13 ноември 2026
Најново

Пропагандна кампања на грчките противници на Договорот од Преспа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со спот, во кој македонскиот премиер Зоран Заев се трансформира од ликот на Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од “,Независни Грци“ прашуваат: ,,Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?“ – “,Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту вие ниту децата, заради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик. И многу е важно што повеќе тоа никој нема да ни го оспорува – е делот од изјавата на Заев од 6 декември 2018 искористена во спотот на “Независни Грци“, по што следи пораката: “Александар Велики не може да зборува. Ќе го оставиме Заев да зборува во негово име? “-пишува МИА.
Истовремено Комунистичката партија на Грција ,преку две паноа, на грчки и на англиски јазик, закачени на Акропол, упати порака против Договорот од Преспа.
“НЕ“ за договорот на Ципрас- Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иредентизам и национализам. “ДА“ за пријателство – солидарност и заедничка борба на народите“, пишува на паното на Акропол.
Воедно, тие ги повикуваат граѓаните да учествуваат во, како што ги нарекуваат, анти-империјалистичките протести во Атина, Солун и Лариса, закажани за попладнево.

Поврзани вести