Вчера околу 21:25 часот до СВР Скопје стигнала пријава за огномет во градскиот парк во Скопје, со што не се почитувала владината одлука за седумдневна жалост. Полицијата брзо реагирала и утврдила дека во еден угостителски објект во паркот се одржувала прослава на роденден. Таму, 18-годишните М.Ф. и М.Ф., и двајцата од Скопје, иницирале огномет. Тие се приведени и задржани во полициската станица, а по документирaњето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава според член 387 од Кривичниот законик.
The post Прослава на роденден во градскиот парк appeared first on 365.mk.


