Прости ни Вања… Тијана Дапчевиќ уништена од безмилосното убиство на Вања – Тага, немоќ и гнев

Целиот регион го потресе вестта дека малолетната Вања Горчевска (14) е пронајдена мртва. Вања била убиена во понеделник наутро, дента кога била и киднапирана.

Вања исчезнала на 27 ноември на пат кон училиште, а нејзиното тело било пронајдено вчера во село меѓу Скопје и Велес. Пронајдено е и телото на велешанецот Панчо Жежовски (74), чие исчезнување беше пријавено на 22 ноември. За убиството на Панче и Вања, според обвинителството, стојат исти лица.

Илон Маск на нишан на Европската унија: Се истражува дали неговата мрежа работи според техничките правила на ЕУ
Тие особено ќе проценат дали „Х“ ѝ дава на партијата на Алтернатива за Германија (АфД) неправедна предност во кампањата во однос на нејзините ривали.Европските технолошки регулатори внимателно ќе го следат …
(Видео) 70% од оризот останал неоткупен – Оризопроизводителите велат министерот е незаинтересиран!
Сите манипулираат, министерот дали знае што им се случува на оризарите? – прашуваат оризопроизводителите од истокот на државава каде состојбата со откупот на оризот е алармантна.– Како да направиме репродукција …

За неописливата трагедија скршена од исходот за кој сите се надеваа дека нема да се случи проговори и познатата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ.

– Тага… Беспомошност… Гнев… Прости ни, Вања. Сочувство до семејството – напиша Тијана со скршено срце и црно-бела фотографија од девојчето – жртва, како и цитат посветен на неа.

Да потсетиме, последните информации за овој трагичен настан се дека киднапирањето на Вања Горчевска (14) го организирал нејзиниот татко, изјави на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: