Простор од 24 квадрати го претворил во удобен стан: Со добра организација овде има место за сè!

Верувале или не, овој човек во стан од 24 квадрати сместил сè што е потребно за живот и нормално функционирање.
Тука се дневната и спалната соба, кујната, купатилото и широк гардеробер. Со малку фантазија, добра организација и интересни решенија, и ваков мал простор може да делува пространо. Првиот трик е ѕидовите, но и мебелот да бидат во посветла боја, а најдобро би било тоа да биде белата.
„Не сакав да имам голем простор, туку сакав ова да изгледа како простран стан. Посветив внимание на деталите и така креирав визуелно многу поголем простор“, вели Николас.
На прв поглед ова е гардеробер, но кога ќе се отворат вратичките, позади нив се крие кујната, со сите неопходни елементи. Кога вратите се затворени, ова е широка дневна соба.
Позади гардероберот се крие и спалната соба, но и голема полица со книги.
„Сè е во интересните дизајнерски решенија“, вели тој.
Од левата страна е купатилото, а и големиот гардеробер. Исто така и со прозорците успеал да направи визуелно простран стан.
Погледнете во видеото како изгледа сето тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.