Протекоа делови од мировниот план за Иран од 15 точки

Властите во Иран го добија планот од 15 точки на САД, изјавија двајца пакистански функционери во изјава за АП.

Пакистанските претставници, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги содржи следниве точки:

Олеснување на санкциите

Соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија

Намалување на нуклеарната програма на Иран

Мониторинг од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија

Ограничувања за ракетната програма на Иран

Минување на бродови низ Ормутскиот теснец

Подстеимо, американскиот претседател Доналд Трамп вчера тврдеше дека Вашингтон разговара со „вистинските луѓе“ во Иран и дека „тие навистина сакаат да постигнат договор“.

Тој исто така рече дека Иран се согласил со САД дека никогаш нема да има нуклеарно оружје и дека им дал на САД „многу вреден подарок поврзан со нафтата и гасот и Ормутскиот теснец“.

Официјален Техеран негираше дека преговара со САД, а воен портпарол иронично рече дека САД преговараат сами со себе.

Египетски функционер вклучен во медијаторските напори меѓу Иран и САД ги опиша 15-те точки предложени од Американците како „сеопфатен договор“ за постигнување примирје во војната.

Функционерот рече дека предлогот вклучува ограничувања на ракетната програма на Иран и вооружувањето на вооружените групи, како и овозможување непречен премин низ Ормускиот теснец, тесниот влез во Персискиот Залив.

Сепак, предлогот се „разгледува“ како основа за понатамошни преговори меѓу државите, додаде функционерот, кој зборуваше под услов на анонимност за да разговара за сè уште неоткриените детали од предлогот.

Тој рече дека иранските претставници остануваат „многу скептични“ кон администрацијата на Доналд Трамп.

Службеникот го спореди планот од 15 точки со планот од 20 точки за прекин на огнот во Газа, нагласувајќи дека „потребни се огромни напори за да се договорат деталите доколку двете страни се согласат да седнат на преговарачка маса“.

Медијаторите се обидуваат да договорат можни директни разговори меѓу Иран и САД, веројатно веќе во петок во Пакистан, според египетски функционер и двајца пакистански функционери кои потврдија дека предлогот е доставен до Иран.

Сепак, ова би барало американската делегација веднаш да ги напушти САД за да пристигне на време.

Иранските власти веројатно остануваат загрижени за Израел, чии воздушни напади во војната убија високи функционери, вклучувајќи ги и соработниците на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
The post Протекоа делови од мировниот план за Иран од 15 точки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: