Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ-посебен сообраќаен режим

Заради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ денес во 17 часот Министерството за внатрешни работи  информира дека ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим низ центарот на Скопје.
„Протестот ќе има релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на Владата“, наведено е во соопштението на МВР со апел граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.