Протестираат пазарџиите

Пазарџиите од поголем дел од зелените пазари во Скопје утрово решија да не ги полнат тезгите со роба, или поинаку кажано да протестираат. Тие го блокираа булеварот кај Бит пазар, а се протестира и пред Собранието. Причина е новиот закон за трговија на зелените пазари кој стапи на сила од 1-ви јануари оваа година. Како што е наведено во законот на зелените пазари не може да работат оние кои остваруваат некаков хонорар, пензионери или вработени лица.
Уште една новина во законот е што пазарџиите за тезгата треба да се плаќаат лиценца која изнесува 60 евра. Доколку, пак, некој пазарџија има две или повеќе тезги за секоја наредна треба да плати уште дополнителни 40 евра.
На прашањето до кога ќе протестираат утрово тие немаа конкретен одговор иако некои од нив изјавија дека тоа ќе биде се додека не се повлече законот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.