Протестираа здравствените работници во Шпанија

Неколку илјади шпански лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, од кои многумина во бели мантили, протестираа во 16 градови во Шпанија.

Тие веќе некое време се на протест поради намалување на буџетот и плановите делимично да се приватизира здравството.
 Неколку илјади луѓе од 27 болници во Мадрид и околината беа на централниот плоштад носејќи пароли на кои пишуваше: „Вашето здравје е продадено” и „Намалувањето на буџетот за здравството е злосторство”.
 Тие извикуваа пароли, дуваа во свирчиња и удираа на тапани блокирајќи го сообраќајот на улиците на Мадрид, пренесува AFP.
 Шпанските медицински работници и многу пациенти, кои жестоко го бранат државниот здравствен систем, тврдат дека на приватниците профитот им е многу поважен од квалитетот и дека ќе отпуштат повеќе илјади луѓе, а за возврат ќе вработат поевтина работна сила.
 Помали протести се одржани и во другите шпански градови меѓу кои и Албасете, Куенс и Сеговија.
 Владата на премиерот Маријано Рахој го намали буџетот на здравството за седум милијарди евра годишно во рамки на кампањата за стегање на ременот.
Макфакс
Неколку илјади шпански лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, од кои многумина во бели мантили, протест

Пронајдете не на следниве мрежи: