Протестите на “Жолти елеци” во Франција продолжуваат

Ова е 12-ти викенд по ред како “Жолтите елеци” протестираат ширум цела Франција против политиките на претседателот Емануел Макрон и неговата Влада. И покрај тоа што се прифатени дел од барањата и турнејата на претседателот Макрон низ земјата за изворно да ги слушне  проблемите на граѓаните, демонстрантите не се задоволни.
Протестите против економската политика на Макрон, со која се штитат интересите на богатите е причина денеска и утре да се организираат протести во Париз и во сите поголеми градови на Франција.
Планирано е за време на протестот во Париз да им се одаде почит на приврзаниците на “Жолтите елеци“ кои се повредени во судирите со полицијата. До сега во протестите кои започнаа на 17 ноември минатата година загинаа 11 лица , а стотици се повредени и приведени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.