Протести во Штип со силни пораки и емоции

Во Штип, голем број жители се собраа за да оддадат почит на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Присутните донесоа транспаренти, цвеќиња, свеќи и балони, како и фотографии од петте млади штипјани кои го загубија животот во таа трагедија. На највпечатливиот транспарент кој беше на чело на колоната, стоеше натписот: „Вие го запаливте пламенот, спремете се за оган“. На собирот беше споменато и дека еден од загинатите, фудбалерот Дамјан Танески, требаше денес да го прослави својот 19-ти роденден. Пријателите на Даме пуштија 19 бели балони во негова чест. Кога собирот стигна на плоштадот, светлата беа изгаснати на 10 минути, а по повторното нивно палење, беа пуштени црни балони и расфрлани бели рози.
The post Протести во Штип со силни пораки и емоции appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: