Протести и во Нови Сад: Млади лица фрлаа камења и петарди кон полицајците

Неколку илјади граѓани попладнево се собраа на плоштадот пред Градското собрание во Нови Сад, а на протестот им се приклучија и студентите од студентските домови во градот.
Долгата колона од демонстранти маршира низ градските улици. Граѓаните масовно се приклучуваат на протестот.
Некои дури го напуштаат градскиот превоз и се приклучуваат во колоната. Песни за Косово и светителите се менуваат паралелно со левичарските песни и повиците за апсење на Вучиќ.
Група од пет млади лица, облечени во црни маици, фрлаа камења и петарди кон полицијата. Истата група млади луѓе подоцна со камења и петарди ја нападнаа и зградата на РТ Војводина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.