Протести секој работен ден во Скопје и во други градови: Да се усвојат нашите барања во целост!

Иницијативниот одбор за протест на рестораните кои работат организирани прослави, заедно со ноќните клубови, музичарите и фото студијата, ќе протестираат се додека не се усвојат нивните барања.
Владата до сега немаше слух за нив, па затоа протестите од среда, покрај во Скопје, ќе бидат и во другите градови.
Велат дека мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти, за да не згаснат илјадници работни места.
-Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го во предвид нашиот сезонски карактер на нашата дејност, рече Марија Синадиновска Арсовска и додаде:
„Нашите барања до сега не се усвоени, излеговме на протест во петокот и денеска сме на протест овде и ќе одржуваме протести од среда па натака секој работен ден во Скопје, но и во други градови се додека не се усвојат сите наши барања во целост“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.