На денешниот протест во кругот на Клинички во Скопје против насилството од страна на пациентите и нивните роднини, лекарите им порачаа на пациентите: “Почитувани пациенти, ние сме со вас“, пренесува „Плусинфо“. Синдикатот на Клиничкиот центар го повика министерот за здравство, Венко Филипче да не го игнорира протестот кој ќе трае половина час до 11.30 часот, по што лекарите ќе се вратат на своите работни места.
Протестот се организира по серијата насилства врз лекари и медицински персонал, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе го поддржи со своето присуство.