Протестот почна со химната

Вечерашниот протест пред Собранието, во организација на „Бојкотирам“, почна со изведба на химната на Република Македонија. На звучници беше пуштена „Денес над Македонија се раѓа, во изведба на Игор Дурловски.
Пред Собранието беа активистите на „Христијанско братство“, на партијата „Единствена Македонија“. Организатор на протестот е групата Бојкотирам, Светскиот македонски конгрес, Глас за Македонија, ТретаПолитика и Ленка.
Пеејќи македонски песни, веејќи македонски знамиња и испракајќи патриотски пораки, демонстрантите се однесуваат мирно.
Наспроти нив, врие од полиција. Голем број на униформирани припадници на ЕБР се поставени на готовс. На овој начин, Власта застана со сите сили против граѓаните.
Дел од учесниците забележаа дека биле спречени од полицијата при влегувањето во Скопје. Организаторите обезбедија бесплатен превоз од 47 локации низ земјава.
На Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција не му беше дозволено да се качи на бината пред Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.