Протест на Србите во Северна Митровица: За нас овој мост е симбол на опстанокот

Србите од северот на Косово денеска се собраа во Северна Митровица за да го изразат својот протест и незадоволство од се почестите најави за отворање на мостот на Ибар. Тие едногласно порачаа дека не прифаќаат отворање на мостот, бидејќи, како што велат, не се чувствуваат безбедно.

Новинарката на „Јединство“ Рада Комазец рече дека „кога си на страната на вистината и правдата, немаш од што да се плашиш“.

На страниците на Единство е испишана историјата на Косово, која никој не може да ја избрише, рече таа и потсети дека тој лист е протеран од Приштина во 1999 година, а целиот имот е узурпиран.

Залудни беа нашите пишувања до меѓународните организации, наидуваме само на ѕид на тишина“, потсети Комазец.

Откако нашле засолниште, биле протерани, како што вели, од зградата во Митровица.

Залудни состаноци одржувавме со Кфор, со Унмика, тие само креваа раменици“, рече Комазец.

Тука сме автохтони и свои и им подаваме рака на Албанците да живеат во мир, додаде таа.

Таа рече дека нема право да молчи поради сите оние новинари кои беа убиени и нападнати на Косово.

„Сега сакаат да го отворат мостот каде што се случија илјадници етнички напади“, вели новинарката.

Пронајдете не на следниве мрежи: