Во 15 часот пред Владата угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегуваат на протест. Бараат донесување на протоколи за работа на рестораните за организирани настани и да се вратат во функција сите комплементарни дејности.
Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите комплементарни дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.
Протокол за работа чекаат веќе една година.
-Продолжуваме во Вторник (09.03.2021), во 15:00 – 17:00 часот пред ВЛАДА. Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, велат тие.
Како што е веќе познато, претходно неколкупати истакнаа дека мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти, за да не згаснат илјадници работни места.
Властите пак се оградуваат- до сега велеа дека олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, нема да има се додека Комисијата за заштита од заразни болести не одлучи дека се создадени услови за тоа.
Протестот може да го следите во живо на линкот во продолжение: